Предлог одлуките за утврдување на  Нацрт детален урбанистички план   за дел  од  УЗ 1 дел од УБ 1.1 опфат Табана и за дел од УЗ 2 дел од УБ 2.1опфат Ривиера, ќе се најдат пред советниците на 44- та седница на советот закажана на 29- ти февруари во 11 часот.

На дневен ред на седницата предвидена е и точката за долгорочно задолжување на општина Охрид, разрешување и именување на членови на органите на управување во дел од училиштата и јавните претприајтија, а меѓу 50- те предвидени точки на дневен ред, ќе се најде и предлог одлуката за  давање согласност   на Одлуката за кредитно задолжување  на ЈП „Нискоградба Охрид“ и утврдувањето  на гробна такса-гробарина   на ЈП „Градски   гробишта“.

OhridNews