Нацрт ДУП за Првата урбана единица да се врати на повторна обработка, а постојната процедура за негово донесување да се запре. Ова го побараа дел од жителите од стариот град на средбата со градоначалникот Александар Петрески, што се одржа денеска. На средбата градоначалникот Петрески ги сослуша мислењата на граѓаните во врска со понудениот Нацрт ДУП за Прва УЕ. 


Дел од граѓаните рекоа дека овој план не е зрел за реализација и дека во процедурата на неговото изготвување не се конуслтирани сите релевантни органи. Градоначалникот вети дека ќе се прават напори Нацрт ДУП за Прва УЕ да биде донесен во интерес на сите граѓани кои се засегнати од истиот.


– Нацрт ДУП за Прва УЕ ќе биде повлечен и ќе биде вратен н а доработка, а по него ќе одлучува идниот Совет, рече по средбата со граѓаните, градоначалникот Петрески.


На предложениот ДУП за Прва УЕ, забелешки имаше и охридскиот Завод и Музеј. Од националната  деновиве рекоа дека не се почитувани нивните насоки и дека предложениот ДУП доколку биде донесен во предложената форма ќе претствува катастрофа за Охрид. Оттаму најавија дека доколку не бидат земени предвид нивните забелешки предложениот Нацрт ДУП за Прва УЕ ќе го оспорат пред Уставниот суд.

Ohridnews