Јавна дебата на Нацрт – Деталниот Урбанистички План за УЗ 2, УБ 2.1 опфат 1 Ривиера-Охрид 2010-2015 – работна верзија и Нацрт-Детален Урбанистички План за УЗ 1, УБ 1.1 опфат 1 Табана – Охрид 2010-2015 – работна верзија, ќе биде извршена денеска во  локалната самоуправа со почеток во 10 часот.

Нацрт плановите за дел од кејот и Табана по реакциите во јавноста беа повлечени од дневен ред на последната седница на Советот на општината, што предизвика негодување кај триесеттина охридски семејства, чии имоти им беа вратени по пат на денационализација и се наоѓаат во строгиот центар на градот.

OhridNews