Во организација на Агенцијата за финансиска писменост „Синергија Плус“, во четврток со почеток во 18 часот, во просториите на општинскиот Црвен крст ќе се одржи двочасовна обука- предавање насловено “ Бизнис на 21- ви век“.
Предавањето, меѓу другото е наменето за сите оние кои не се задоволни со приходите кои ги остваруваат, за личности кои сакаат да научат да заработуваат и направат повеќе и научат како поитро и помудро да управуваат со приходите.
Предавањето ќе го одржи генералниот менаџер на Агенцијата за финансиска писменост „Синергија Плус“, Коста Мицковски, а присутни ќе бидат и претставници од КД Фондови АД Скопје.
На настанот се присуствува исклучиво со покана од овластено лице на Агенцијата.
Подетални информации за семинарот можат да се добијат телефонскиот број: 078/ 227119.












