Меѓународниот Научен собир е во организација на Факултетот за безбедност-Скопје при Универизтетот „Свети Климент Охридски„ во соработка со Полициската академија “АлеџандруИоан Цуза” во Букурешт, Романија, Криминалистичко-полици¬с¬ката академи¬ја во Белград, Србија, Факултетот за без¬бед¬носни студии во Љубљана, Словенија, Високата полициска школа на МВР од Хрватска, Академијата на МВР на Република Бугарија и Високата школа за внат¬реш¬ни работи, Босна и Херцеговина, Република Српска.
На Конференцијата учество ќе земат со свои трудови над 85 учесници од 8 земји од високо образовни институции од Југоисточна Европа.
Членови на Почесниот одбор на Конференција се: Претседателот на Република Македонија Н.Е. д-р Горѓе Иванов, Министерот за внатрешни работи г-ѓа м-р Гордана Јанкуловска, министерот за одбрана г-дин Зоран Коњановски, Министерот за образование и наука г-дин Никола Тодоров, Ректорот на Универзитетот „Свети Климент Охридски„-Битола проф. Д-р Златко Жоглев и д-р Јордан Спасески професор во пензија.