Неговиот научен труд, кој од страна на стручното жири беше оценето со високи оценки, на Костантиноски му овозможи по завршувањето на средното образование да може да се запише во било која високообразовна институција во земјата.
Тема на научниот труд на Костантиноски се промените на околината на Пештани и неговото постепено трансформирање од рибарско село во познато туристичко место.
Како што вели Костантиноски, кој веќе трет пат доаѓа во Македонија од каде и потекнува неговото семејство, е воодушевен од природните убавини на околината на Пештани и националниот парк Галичица.
Со помош на секторот за локален економски развој и НУ Национален парк „Галичица“ при неговиот минатогодишен престој во Охрид успеал да ги добие потребните материјали. Податоците, заедно со неговите интервјуа направени со мештаните на Пештани и испитувањата на теренот, станале дел од финалната верзија на неговиот научен труд.
– Бев фасциниран од геолошките карактеристики на теренот,од разновидноста на крајот, богатата флора и фауна и самото трансформирање на Пештани од рибарско село во познато туристичко место, тоа и ми беше инспирација за мојот труд, вели Константиноски кој потенцира дека природните науки се неговата најголема љубов.
По завршувањето на средното образование, тој најавува дека ќе го продолжи образованието на Природно- технички факултет, најверојатно во Полска.












