Научниците кои ги истражуваат водите на Антартикот вчера соопштија дека снимиле досега неоткриени големи суштества, вклучувајќи гигантски морски пајаци, големи црви и медузи со шест метри долги краци.

Екипата австралиски морски биолози се вратила од летната експедиција во Јужниот океан каде го проучувале животот во леденото море и на неговото дно, на длабочина од 2000 метри под површината.

„Гигантизмот е многу чест во водите на Антарктикот-собравме големи црви, огромни ракови и морски пајаци со големина на најголемите чинии“ изјавил Мартин Ридли. „Многу од овие животни живеат на големи длабочини  и имаат големи очи. Навистина необично изгледаат“ додал тој. Собраните примероци ќе бидат испратени на универзитетите и музеите ширум светот заради идентификација, земање на примероци од ткива и декодирање на ДНК.

Експедицијата  Australian Antartic Division ќе им помогне на научниците да го измерат влијанието на промената на климата во водите на Антарктикот( промена на киселоста на водата поради зголемувањето на нивото на јаглероден диоксид во атмосферата).

Јасминка Т. Момироска