На овој научен собир кој се одржува во партнерство со Атлантскиот Совет на Албанија ќе учествуваат над 40 учесници од Регионот кои се претставници на државни институции, универзитетски професори и независни експерти од полето на кризниот менаџмент.
На отварањето на работилница највено е присуството на министрите за одбрана на Република М акедонија и Република Албанија, Фатмир Бесими и Арбен Имами.
Научната истражувачка работилница на НАТО е значајна за Регионот и ќе се осврне на различните регионални капацитети кои државите од Западен Балкан ги имаат и планираат да ги развиваат. Научната работилница, исто така, ќе биде добра можност, како за новите, така и за идните земји членки на Алијансата да ги разменат националните погледи во врска со развојот на капацитети за помош во итни ситуации во процесот на нивната интеграција во НАТО.
Проектот е поддржан од програмата на НАТО „Безбедност преку наука“ (Сецуритѕ тхроугх сциенце) која поддржува проекти на земји членки и земји партнери на НАТО за научни цели кои се во служба на безбедноста.