– Секој еден да засадиме по неколку дрва и обезбедиме живот за себе и за идните генерации. Со засадување на дрвото ќе дадеме голем допринос во борбата против климатските промени, односно да ја спасиме Земјата Планета и целата нејзина флора и фауна, напоменува Наумоски.
Од вкупната површина на Македонија 70% е планински дел. Шумското земјиште изнесува 1 160 000 хектари од кои под шуми изнесува 950 000 хектари. Според намената, 90% шумите се за стопански потреби, а само 10% се шуми за посебни намени.
– Во текот на една година како огревно дрво, техничко дрво и нелегалната сеча, се уништува 1 500 000 м3 дрво од шумските зелени појаси во Македонија. Познавајќи го големиот спектар на еколошкото влијание на дрвото врз животната средина на годишно ниво се уништува 8 055 хектари шумски зелен појас, при што неповратно се губат 130 000 тони кислород, потенцира Наумоски.
Поради овие причини Наумоски го повторува својот став- шумските површини во Македонија 90% да се третираат за шуми со посебни намени, а само 10% за шуми со стопанско значење, со посебен акцент шумите во сливното подрачје на Охридското Езеро. За загревање на домовите јавните локални или државни институции, да се бараат други алтернативни решенија. Да се изврши гасификација во Македонија, а во текот на годината паралелно со денот на дрвото да се работи и обрне поголемо внимание во заштитата на шумските зелени површини од огнената стихија, односно шумските пожари.