Жежок дочек ја очекува Австрија Виена на викенд гостувањето кај Матерсбург. Причината според австриските медиуми е македонскиот интернационалец Илчо Наумоски кој и покрај испадот кој го имаше на последниот меч , се  очекува да биде меѓу 11- та кои ќе истрчаат на “Папелстадион“. Поради тоа што процесот против Наумоски кој го нападна службениот преставник на Виенер Нојештад, Харалд Ертл не е започнат и се уште не му е изречена казна тој се очекува да биде на теренот. 


Ние немаме проблем со тоа, сепак ке дојдеме до трите бода – вели капитенот на Австрија, Роли Линц.

Фудбалерите на Австрија не очекуваат проблеми со македонецот, за кого нема да биде прв пат да го преводи нападот на “зелените“ против една од најтрофејните екипи во Австрија.  – Не знам зошто западнал во проблеми, но мислам дека на мечот против нас тоа нема да биде случај – вели играчот за врска на Австрија Марко Станковиќ, кој на последното гостување постигна два гола во победата од 3-0.


Наумоски годинава е повеќе застапен во медиумите поради својот темепремент, отколку по постигнатите подогодоци, а во 13 настапи сезонава се уште ја нема погодено противничката мрежа. Против Австрија во досега одиграните натпревари три пати ја затресол мрежата на “виолетовите“ во двата меча Матерсбург го загуби мечот, еднаш со 3-1, еднаш со 2-1, додека ремизирале играјќи 2-2.

Во пресрет на последната есенска рунда од австрискиот шампионат Австрија Виена со 29 бода се наоѓа на четвртата позиција, додека Матерсбург со 12 бода се наоѓа на претпоследната позиција.  

М.П.