Македонската кошаркарска репрезентација со видно изменет состав од претходните две учества на Европското првенство и се спротиставува на ривалите во Ц групата.
На теренот ги нема Перо Антиќ, Тодор Гечевски, Ѓорги Чековски и Лестер Бо Меккејлеб. Повикувањето на нов Американецот во составот во случајов Ричард Хендрикс првиот човек на федерацијата Петар Наумоски го спои со откажување од националниот состав на Перо Антиќ.
– Откажувањето негово ни ги помеша нашите амбиции. На Антиќ селекцијата му даде многу, а тој не и врати по примерот на Дирк Новицки, Тони Паркер и По Гасол. Затоа нашите амбиции се само пласман во вториот круг, а мечот со Грузија ќе биде пресуден за тоа. – изјави за „24sata.hr“, Наумоски, а пренесува Спортмедиа.
За фаворити на ЕП кое се одржува во четири земји Наумоски ги смета Франција, Шпанија и Србија, не и еден домаќините репрезентацијата на Хрватска.
– Можеби на оваа тројка треба да ја додадам Грција која го има Василис Спанулис во составот, а на мечот со Хрватска видовме што значи неговото присуство. На хрватите им недостасува играч од таков калибар за големи достигнувања. – заврши Наумоски.
Ohridnews













