Фудбалскиот репрезентативен напаѓач Илчо Наумоски доби директен црвен картон уште во 9. минута од поразот на неговиот Матерсбург на гости кај Адмира со 1-2, во мечот од 4. коло во австриската прва лига.


Наумоски добил црвен картон откако го нападнал противничкиот играч Стефан Шваб при еден нивни дуел. Ова беше четврта опомена во четири кола за Наумоски (28), кој во првите три средби од првенството доби три жолти картони.

Македонецот важи за „проблематично момче“ во Австрија откако во неговите седум години во тимот на Матерсбург има добиено 66 жолти и седум црвени картони. Лани тој беше суспендиран на пет меча откако го опцу судијата на подготвителен натпревар пред сезоната, а потоа доби уште една суспензија поради удар на противнички помошен тренер.

ohridnews