Високите економски вредности на сливното подрачје на Охридското езеро може да се сочуваат единствено со заедничка соработка помеѓу надлежните во локалната и централната власт, смета независниот екологист, дипломиран агроном, Лазо Наумоски.

– Неминовно е сите заеднички да работиме на изградба на индустриска–економска зона во сливното подрачје на Охридското Езеро, да се изврши што побрза гасификација на целото сливно подрачје, прогласување на шумските зелени појаси во сливното подрачје на Охридското Езеро во заштитни шуми и шуми од посебни намени, вели Наумоски.

Ваквите ставови тој ги изнесува поаѓајќи од податоците дека на годишно ниво доаѓа до неповратно истекување од преку милијарда метри кубни вода од Охридското Езеро преку реката Црн Дрим, а дека 350 милиони м3 вода неповратно испарува од површината на Охридското Езеро во текот на годината.

OhridNews