Во овој месец, пред истекот на крајниот рок 27 јануари, до одделението во Охрид биле поднесени околу 350 барања за откуп на дворното место, а се очекува огромен интерес и во наредните денови.
За да им се излезе во пресрет на граѓаните да можат да поднесат барања за откуп на дворното место, одделението за имотно-правни работи во Охрид денес и утре ќе работи до 21 часот.
Како дополнително олеснување, донесена и одлука да се примаат и нецелосно комплетирани барања, значи барања со минимална документација со идентификација на граѓанинот и поднесување на барања за почнување на постапката, а после ќе им се остава можност, значи по истекот на овој рок да ги докомплетираат овие барања и да ги поднесат сите документи – имотен лист, поседовен лист или другите документи што се потребни.
Дали ќе се продолжи рокот за откуп на дворното место по едно евро и по 27 јануари, ќе се знае по завршување на рокот со цел да се констатира фактичката состојба, да се направи анализа и врз основа на таа анализа Владата да донесе соодветна одлука.