Охрид викендов е преполн со туристи. Од најголемиот автопревозник во регионот, АД „Галеб“ информираат дека викендов во сообраќај вклучиле дополнителни десет возила на дестинации во земјава, а веќе извесен период кон и од Белград сообраќаат по две возила.

Кулминација туристичката сезона се очекува да достигне следниот викенд и за време на илинденските празници, кога во Охрид се одржуваат голем број манифестации и концерти.
OhridNews