Според Д-р Константин Георгиески, специјалист интернист од ПЗУ „ДАРОН“, бесплатниот преглед и утврдувањето на нивото на шеќерот во крвта се врши само со добиен ваучер. „На лекарите од општа пракса во Охрид, се поделени вкупно 200 вакви ваучери, кои им се даваат на нивните пациенти и со кои се врши бесплатен преглед во ДАРОН. За секој матичен лекар обезбедени се по 10 вауечри. На Здружението на дијабетичари се поделени уште 50 ваучери.“ – рече д-р Георгиески.
Бидејќи очигледен е интересот кај граѓаните за контролирање на нивното здравје, од ДАРОН настојуваат да го зголемат бројот на ваучери. „Настојуваме да обезбедиме дополните средства преку „Лајанс Интернешнл“ од Чикаго, со кои на повеќето граѓани ќе им овозможиме да направат утринска гликемија и анализа на тримесечна терапија со медикаменти.“ – истакнува д-р Георгиески.
Како што беше соопштено, се настојува преку преку интернационалното здружение на Лајанс клубови до 1-ви декември да обезбедат уште 120 ваучери за бесплатни прегледи на граѓаните во Поградец, соседна Албанија.