Хуан Карлос Наваро не го криеше задоволството откако го предводеше шпанскиот национален тим до триумф над Македонија на денешниот полуфинален меч од Евробаскет 2011. Извонредниот кошаркар на Барселона ги разби сите наши соништа за пласман во големото финале, откако постигна фантастични 35 поени со кои што ја демолираше македонската одбрана.

 


„Знаевме дека претходните ривали малку ја потценија Македонија и скапо платија поради тоа. Ние не ја повторивме нивната грешка, одигравме најдобро што знаеме и заслужено победивме. Добро ја имавме анализирано играта на противникот, бевме свесни дека играат крајно невообичаена одбрана која остава доста слободен простор за удари од далечина. Пред мечот им реков на соиграчите дека мораме да ги реализираме тие шутеви, пресреќен сум што ме послушаа“ – изјави Наваро.