Пријатното време нема да не одмине ниту во првата недела од октомври. Најавените дневни температури и до +30 степени во четврток ќе измамат и по некој капач во Охридското Езеро. Но, внимавајте, утрата ќе бидат ладни, а на одредени места живата ќе се спушти до зимски 2 степени.

Во Охрид денеска ќе преовладува сончево и релативно топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе достигне до 22 степени, информираат од УХМР Македонија.


OhridNews