Во големата еуфорија после одбранетиот пенал кој значеше титулата за Ливерпул во Супер купот на Европа навивач го повреди голманот Адријан. Шпанецот имал оток и болки во глуждот и најверојатно нема да биде подготвен за дуелот со Саутемптон во рамките од 2-та рунда во Премиер лигата.

  • Вистински не можам да разберам како покрај сето тоа обезбедување помина навивач и дојде каде што славиме сите и успеа да се лизне и да го удри Адријан. Неговата нога не изгледа добро и не верувам дека ќе брани на утрешниот натпревар. – налутено изјави  менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

На социјалните мрежи протече видео снимката од инцидентот и јасно се гледа дека залетаниот навивач се лизга и директно влетува во нозете од голманот. Покрај шпанскиот чувар на мрежата дуелот со „светците“ ќе го пропушти Наби Кеита кој се повреди во текот на средбата со Челси.

 

OhridNews