Навивач на англискиот фудбалски премиерлигаш Евертон добил околу десет илјади евра, откако се обложил дека Манчестер јунајтед ќе загуби на неговиот „Олд Трафорд“ од Блекбурн, дека Челзи на неговиот „Стемфорд бриџ“  ќе загуби од Астон вила, а дека водечкиот Манчестер сити ќе биде поразен на гостувањето кај Сандерленд.

Коефициентот дека трите англиски фудбалски гиганти во исто коло ќе бидат поразени изнесувал 1517, а навивачот на Евертон вложил околу 60 евро центи.

„Беше тоа чудо на чудата. Да се вложат пари на порази на Јунајтед, Сити и Челзи во исто коло беше повеќе од храбро“, изјави портпаролот на британската обложувалница „Вилијам Хил“ која ја исплатила добивката.

Доколку среќниот обложувач на листот ја додал и победата на Евертон на гости кај Вест бромвич албион, би остварил добивка од околу 30 илјади евра.

Манчестер јунајтед загуби од Блекбурн со 2:3, Челзи од Астон вила со 1:3, додека Манчестер сити беше поразен од Сандерленд со 0:1 со гол постигнат во последните моменти од натпреварот.

Ohridnews