Навивачите на Олимпик Марсеј побараа од играчите во следното коло да загубат од Монпеље и на тој начин да му ги намалат шансите на Пари Сен Жермен за освојување на титулата.

До крајот на првенството во Франција остануваат уште седум кола, а на врвот на табелата се наоѓаат Монпеље и ПСЖ со по 63 бодови, но екипата на Монпеље има натпревар помалку.

„Дајте му шанса на Монпеље, дозволете да ве победат. Да го сопреме ПСЖ во намерата да стане шампион оваа година, не ја заборавате лекцијата од минатото“, се вели во соопштението на навивачите на Олимпик.

За потсетување, Олимпик Марсеј, во 1999 година остана без титула, откако ПСЖ го „пушти“ Бордо да забележи победа.

Помеѓу двата клуба, а особено помеѓу навивачките групи владее голема нетрпеливост, поради што на меѓусебните дуели нема гостински навивачи.

ПСЖ, во неделата во последниот натпревар од 31 коло го победи Олимпик Марсеј со 2:1.

“макфакс“
Ohridnews