Натпреварот помеѓу Келн и Црвена Ѕвезда во Лигата на Европа немаше сјајна најава, откако осум навивачи на белградскиот клуб се уапсени од германската полиција.
Како што соопштуваат медиумите навивачите на Црвена Ѕвезда не правеле проблеми низ градот или слично, туку се наоѓаат на „црната листа“ на навивачи кои имаат лошо минато.
Помеѓу притворените се наоѓа и Иван Богданов или познат како „Иван Грозни“, кој беше иницијатор на прекинот на квалификацискиот меч Италија – Србија пред седум години.
Уапсените навивачи на слобода ќе бидат пуштени два часа по завршување на мечот кој ќе се одигра вечерва во 19 часот во Келн.
За редот и мирот на стадионот и во градот ќе се грижат 2 300 полицајци од Германија, а се очекува да допатуваат 5 000 поддржувачи на Црвена Ѕвезда во градот.
OhridNews