Фудбалерите на Џенова, мораа да ги соблечат дресовите на барање на навивачите на клубот, кои незадоволни од ситуацијата во која се наоѓа клубот, но и од негативата од 4-0 против Сиена го прекинаа мечот.

Капитенот на Џенова Марко Роси и искусниот Џузепе Скули се обиделе да разговараат со бесните навивачи, а потоа Роси започнал да им ги собира дресовите на соиграчите откако од трибините навивачите започнале со скандирање „Соблечете ги дресовите“.

Џандоменико Место вознемирен од ситуацијата започнал да плаче, а Скули одбил да го соблече дресот. Натпреварот потоа продолжил, а Сиена победи со 4:1.

По поразот од Сиена, на домашен терен од 1:4, Алберто Малезани по втор пат сезонава доби отказ во Џенова, а на негово место назначен е Џиџи Ди Канио.

М.П.