Една од многуте организации која се бори против расизмот во фудбалот ги опомена навивачите на Манчестер Јунајтед за песната која ја пеат за Ромелу Лукаку.

Имено, во песната навивачите на „црвените ѓаволи“ ја величат неговата големина. Организацијата испрати официјално соопштение во кои е стои дека тоа поттикнува расизам.

– Го опоменавме клубот и таквите скандирања не се дозволиви, бидејќи провоцираат и го дискриминираат фудбалерот. – стои во соопштението.

Навивачите на Манчестер Јунајтед своето незадоволство го искалија на социјалните мрежи, а се уште официјален став нема од Англиската фудбаласка федерација.

Лукаку на Олд Трафорд пристигна од Евертон, а во седумте одиграни мечеви во досегашниот дел од сезоната постигна седум голови.

OhridNews