Навивачите на Манчестер Јунајтед на својот менаџер Дејвид Мојс му подготвуваат непријатно изненадување за време на мечот со Астон Вила на Олд Трафорд.
По самото назначување за менаџер на „црвените ѓаволи“ на Олд Трафорд навивачите поставија банер „Тhe Chosen One“ што алудираше на неговиот избор како правилен.
Но, гневот кај навивачите ја прели чашата по идентичните порази 3-0 од лутите ривали Ливерпул и Манчестер Сити во Премиер лигата и тоа на „Театорот на соништата“.
На дуелот со Астон Вила навивачите планираат со летачки банер и на местото од сегашниот да го искажат незадоволството на кој ќе пишува „Мојс оди си“.
Сезонава со новиот менаџер на клупата Манчестер Јунајтед го изгуби се она што го градеше Сер Алекс Фергусон речиси 27 години.
Мх.П.