Навивачите на Ливерпул почнаа со славјето на титулата во англиската Премиер лига. Одредени симпатизери на клубот од Енфилд почнаа да го тетовираат трофејот и сезоната во која нивните миленици го скршија проклетството во најквалитетната фудбалска лига во Англија.

 

Ливерпул има 22 бодови предност во однос на конкурентите и само чудо може да ги сопре во освојување на  првата титула во ерата на Премиер лигата. Од оформувањето до оваа сезона во Премиер лигата, Ливерпул не успеа да се закити со титулата иако во неколку обиди беше блиску до тоа.

Симпатизерите на големо се подготвуваат за прославата на титулата низ улиците во градот Ливерпул. Помош за симпатизерите најави клубот кој активно ќе се приклучи во организацијата. Во некои пресметувања, Ливерпул титулата може да ја обезбеди на дербито со Евертон или пак средбата со Манчестер Сити.

OhridNews