Екипата на Евертон на „Гудисон парк“ не успеа да го сопре Манчестер Сити 2-3 и да му помогне на својот градски ривал Ливерпул во освојување на титулата во Премиер лигата.

Навивачите на „црвените“ по завршувањето на мечот ги обвинија фудбалерите на Евертон дека намерно им „пуштиле“ победа на Манчестер Сити само Ливерпул да не е првак во Англија.

На два натпревари од крајот во Премиер лигата, „граѓаните“ го презедоа врвот и ја имаат пол позицијата во трката за титулата.

Мх.П.