Околу илајда приврзаници на рускиот Амкар се собраа во центарот на Перм и учествуваат на протест на температура од 25 степени под нулата.


Навивачите ги повикаа локалните власти и бизниз заедницата да вложат максимални напори  да го помогнат финасиски клубот за да го зачува местото во Руската Премиер лига.

Митингот поминал без инциденти и нарушување на јавниот ред и мир, а поради студеното време се одржал мошне кратко. Во Амкар настапува македонскиот репрезентативец Стевица Ристиќ кој со погодоците во финишот на шампионатот го спаси Амкар од испаѓање.

Клубот има големи финасиски проблеми и пред неколку дена објави дека ќе се повлече од Премиер лигата.