Од денес со јавното претпријатие „Охридски комуналец“ раководи Александар Китески. Како вршител на должност, Китески доаѓа на местото на досегашната директорка Елена Скрческа која на оваа функција беше од 2013 година.
Како што за OhridNews изјави Скрческа, денешното разрешување од страна на градоначалникот доаѓа по нејзино барање, кое до локалната самоуправа го поднела во петокот. Скрческа не сакаше да ги коментира причините поради кои побарала разрешување од досегашната функција-директор на ЈП „Охридски комуналец“.
Александар Китески е дипломиран правник со долгогодишно искуство во областа на правните работи, до сега вработен во Секторот за правни работи на Општина Охрид.
OhridNews












