Со одлука на министерството за здравство, назначен е нов ВД директор на охридскиот Здравствен дом. Во наредниот период со оваа здравствена институција ќе раководи Ајшел Зејноска, доктор во Итната медицинска помош.
Д-р Зејноска доаѓа на местото на д-р Катерина Димитрова, која на оваа функција беше од 2015 година.
Минатата недела, со одлука на министерот за здравство Таравари, беа назначени нови директори и на охридската Општа Болница, на ЈЗО Св. Еразмо Охрид, Специјалната болница за превенција, лекување и рехабилитација од кардиоваскуларни болести „Свети Стефан“ и на Центарот за јавно здравје Охрид.
OhridNews












