
Со решение на министерот за култура Роберт Алаѓозовски за претседател на националната установа, од редот на истакнати поединци од областа на културата, назначен е академскиот сликар Славко Упевче. Исто така, со решение на министерот за култура за член на У.О. од редот на истакнати поединци од областа на културата, именуван е историчарот на уметност Гоце Жура.
Претставници од редот на вработените од новиот Управен одбор на Завод и Музеј се Ружди Рустем и Јордан Трца.
Претседателот и членовите на управниот одбор се именуваат со мандат од четири години.
OhridNews











