Над 58.000.000 денари – речиси 1.000.000 евра – чекаат нов сопственик во играта ЛОТО 7 на Државна лотарија. Тоа не е само бројка, туку најголемата премија во моментот понудена во игрите на среќа во Македонија. Секоја комбинација од само 30 денари може да биде можност за нов живот, за нова приказна, за нова реалност.

Во 2019 година, играта доби ново име – ЛОТО 7 – но магијата остана иста. Единаесет добитници освоија гарантирани 6.000.000 денари, а еден – симболични 7.777.777 денари. Вистинските легенди се оние што ја надминаа гарантираната вредност, како добитникот од Охрид, кој на 10 август 2024 година, во 64-то коло на Канал 5 ТВ, освои неверојатни 109.012.304,50 денари, уплатувајќи ги своите броеви во „ВЛАДИЈА 2011“ Охрид.

Нечии 30 денари, колку што чини една лото-комбинација, може да станат влог во комплетна промена на животот. Затоа не заборавајте да ги уплатите вашите среќни броеви и да ја искористите можноста од само 30 денари да дојдете до најголемата премија вредна близу 1.000.000 евра и да станете најголемиот лото-милионер во нашата земја.
Уплати, играј, верувај – и дозволи среќата да те изненади.
Среќата е насекаде со Државна лотарија!
OhridNews/PR












