Мајами го совладаа Бостон со 115:111 (99-99), по продолжението и поведоа со 2:0 во финалната плејоф серија, во источната конференција, во НБА лигата.

“Жешките“ успеаа да ја надоместат феноменалната партија на Ражон Рондо кој постигна 44 поени и имаше 10 скока. Пол Пирс уфрли 21 поени додека Кевин Гарнет застана на 18 поени.

Екипата на Мајами до победата ја предводеше Леброн Џејмс со 34 поени, 10
скока и 7 асистенции, помош во играта доби од Двејн Вејд (23 поени) и
Марио Чалмерс (22 поени).

Видео : Мајами – Бостон 115-111