Македонскиот интернационалец Перо Антиќ и неговата екипа Атланта Хоукс забележаа победа над актуелниот првак Мајами Хит 121-114.
Антиќ на дуелот со „жешките“ постигна за него рекордни 17 поени во НБА лигата, а додаде уште шест скока и три асистенции за повеќе од 22 минути минати на паркетот.
На мечот најефикасен беше Леброн Џејмс со 30 поени, но тие не се покажаа доволни за прелетување на „јастребите“.
Мх.П.