Македонскиот интернационалец Перо Антиќ и кошаркарите на Атланта ја испуштија „првата меч топка“ во дуелот со Индијана во плеј оф серијата.

Во шестиот натпревар пред своите гледачи „јастребите“ претрпеа пораз 95-88 „пејсерси“ кои обезбедија „мајсторка“ на домашен терен.

Антиќ за 27 минути на теренот имаше скромен учинок од пет поени, шест скокови и една асистенција.

Во победничката екипа Џорџ и Вест имаа по 24 поени, а Стивенсон 21 најпрецизен на мечот беше Тиг од Атланта со 29 кошеви.

Мх.П.