Во петтиот натпревар од плејоф серијата кошаркарите на Атланта стигнаа до третата победа (3-2) совладувајќи ја Индија на домашен терен 107-97.

Само една победа ги делат „јастребите“ од елиминација на шампионот во источната конференција и сензационален пласман во 1/2 финалето.

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ немаше блескав учинок за 20 минути минати на паркетот постигнувајќи само еден поен и додавајќи уште два скока и една асистенција. Но, клупата овој пат беше џокерот на Атланта во победата над фаворизираната Индијана.

Пласман во следната рунда обезбеди актуелниот првак Мајами откако со чисти 4-0 го преслушаа Шарлот.

Резултати : Атланта – Индијана 107-97 (3-2), Мајами – Шарлот 109-98 (4-0).

Мх.П.