Македонскиот интернационалец Перо Антиќ и Атланта на домашен терен претрпеа пораз од Њујорк 95-91 што е четврти сезонава.


„Јастребите“ успеаја да се вратат од 17 поени негатива но немаа сила за целосен подвиг. До победа „никси“ ги предводеше Кармело Ентони со 25 кошеви, а Италијанецот, Барњани имаше дабл-дабл учинок. Антиќ за 13 минути на паркетот уфрли четири поени и додаде уште пет скокови и две асистенции.
 

Мх.П.