Тимот на Атланта Хоукс за кој настапува Македонецот, Перо Антиќ претрпе пораз од Мајами Хит 121-119 по дополнителни пет минути продолжение.

„Јастребите“ во последните минути од регуларниот дел ја имаа победата в џеб, но, несватливо се опуштија и им дозволија на „жешките“ да изборат за продолжение.

Таму Џејмс и соиграчите не остадоа ништо на случајност и веднаш почнаа да плетат победа, која на крајот изнесуваше со два поени разлика.

Антиќ на теренот помина четири минути и не успеа да се запише во листата на стрелци.

Мх.П.