Со втората победа 98-85 во третиот натпревар екипата на Атланта поведе со 2-1 во плејоф серијата со Индијана. Македонскиот интернационалец Перо Антиќ одигра далеку под очекувањата постигнувајќи само еден поен, а додаде уште три скока за 23 минути минати на паркетот.
Најпрецизен беше Тиг со 22 поени, а два помалку 20 постигна Корвер додека поентерската вечер за „јастребите“ ја комплетираше Керол со 18 поени.
Резултати : Мемфис – Оклахома 98-95 (2-1), Клиперс – Голден Стејт 98-96 (2-1), Атланта – Индијана 98-85 (2-1).
Мх.П.