Екипата на Атланта на теренот од Индијана ја забележа првата победа 101-93 во плејофот и поведе во серијата 1-0. Македонскиот интернационалец Перо Антиќ, кој беше стартер за 28 минути постигна осум поени, а додаде уште седум скока во триумфот на „јастребите“ над првопласираниот тим во источната конференција. Најпрецизен во составот на Атланта беше Тиг со 28 кошеви, а три помалку реализираше Милсап.
Резултати : Атланта – Индијана 101-93 (1-0), Оклахома – Мемфис 100-86 (1-0), Голден Стејт – ЛА Клиперс 109-105 (1-0), Бруклин – Торонот 94-87 (1-0).
Мх.П.