Со поените на Хофорд на четири секунди од крајот на мечот екипата на Атланта Хоукс го совлада тимот на Далас 88-87 и ја прекина серијата од три порази.
Македонскиот интернационалец Перо Антиќ го „преспа“ целиот натпревар откако го преседа на клупата за резерви и не влезе воопшто во игра.
Нова шанса за настап Антиќ во НБА лигата ќе има вечерва кога неговиот тим ќе се сретне со Вашингтон.
Мх.П.