Тимот на Атланта направи чекор кон плејофот во НБА лигата откако го совлада Бостон со 105-97. „Јастребите“ ќе ја заземат осмата позиција и во првата фаза ќе играат против првопласираниот од источната конференција.
На мечот со „детелините“ не настапи македонскиот интернационалец Перо Антиќ поради болките во глуждот.
Повредите на глуждот во два наврати го оддалечија од теренот Антиќ, а не беше дел и од Ол старот поради иста таква повреда.
Мх.П.