Тимот на Атланта Хоукс претрпе пораз од актуелниот првак во НБА лигата, Мајами 104-88, но белег на вечерта остави Перо Антиќ.


Македонецот во поразот од „жешките“ постигна за него рекордни 12 поени, додаде уште четири скока, две асистенции и една украдена топка.

Антиќ заедно со Хорфорд беа втори стрелци во тимот, а најефикасен со 15 кошеви беше Скот. Во составот на Мајами најпрецизене беше Бош со 19, Реј Ален уфрли 17, Чалмерс 14 и Леброн Џејмс 13.

По 11 одиграни натпревари „јастребите“ имаат скор од шест победи и пет порази додека бранителот на трофејот осум победи и три порази.

Мх.П.