Екипата на Атланта пред своите гледачи го совлада тимот на Денвер со 97-92 и стигна до 29-та победа сезонава.


Македонскиот интернационалец Перо Антиќ, кој беше стартер на дуелот постигна 16 поени, а додаде уште две асистенци и еден скок.

Најефикасен во тимот на „јастребите“ со 26 беше Милсап, два поени повеќе од Антиќ реализираше Корвер, а Тига застана на 15 кошеви.

Дел од најатрактивните потези на мечот можете да ги погледнете тука.

Мх.П.