Македонскиот интернационалец во НБА лигата, Перо Антиќ поради повреда на глуждот ќе паузира од две до четири седмици.

Антиќ, кој моментално е еден од подобрите и постандардни играчи во тимот на Атланта повреда ја здоби на натпреварот со Бруклин Нетс кој се одигра во Лондон.

Сезонава 31-годишниот кошаркар има просек од 5,8 поени, 3,4 скокови во 15,6 минути во вкупно 29 натпревари кои ги одиграл во најсилната американска лига.

Мх.П.