Македонскиот интернационалец во НБА лигата, Перо Антиќ уште една сезона ќе го носи дресот на Атланта Хоукс.

Тој во првата сезона имаше просек 7 поени, 4,2 скока и 1,2 аситенции, а имаше и неколку блескави натпревари во кои беше клучот за победи на неговата екипа.
Регуларната сезона „јастребите“ ја завршија на осмата позиција и по седум натпревари беа елиминирани од шампионот на источната конференција Индијана во плејоф серијата.
Мх.П.










