Македонскиот интернационалец Перо Антиќ имаше скромен учинок од седум поени, два скока и една асистенција во уверливата победа на Атланта над Јута 118-85 пред своите гледачи.
За „јастребите“ сезонава ова беше 15-та победа, а имаат 12 порази со што се наоѓаат на третата позиција во источната конференција.
Следен предизвик за Антиќ и неговата екипа е гостувањето кај актуелниот првак Мајами Хит.
Мх.П.