Македонскиот преставник во НБА лигата, Перо Антиќ имаше скромен учинок од пет поени и осум скокови во поразот од Феникс на домашен терен 102-95.

Поразот од „сонцата“ е трет во серија за кошаркарите на Атланта кои се наоѓаат на осмата позиција во источната конференција.

По 19 поени во составот на „јастребите“ постигнаа Керол и Милсап додека најпрецизен на мечот беше Блидсо со 20 кошеви.

Мх.П.