Екипата на Атланта Хоукс е вториот патник во финалето на истокот. „Јастребите“ во конференциското финале пласман обезбедија после елиминацијата на Филалдефија со 4-3 победи.

Атланта четвртата и клучна победа ја забележа во „мајсторката“ која се одигра на теренот од противникот. Гостите не потклекнаа од притисокот на домашната публика и со отворен гард им се спротиставија на разиграните домаќини. „Јастребите“ добија три од четирите квартали, што се покажа сосема доволно за триумф 103-96 и прогрес во финалето.

На западната конференција Феникс Санс осигура почетно водство (1-0), победувајќи го Лос Анџелес Клиперс со 120-114, во првиот натпревар.

  • Резултати:

Феникс – ЛА Клиперс 120-114 (1-0)

Филаделфија – Атланта 96-103 (3-4)

OhridNews