Кошаркарите на Атланта пред своите гледачи го совладаа составот на Хјустон 104-96 и ја забележаа петтата победа во серија.


„Рекетите“ беа блиску до триумф против „јастребите“, но во второто полувреме испуштија предност од 18 разлика.

Иако настапот на Перо Антиќ беше неизвесен, тој сепак настапи и за 13 минути постигна три поени надополнети со два скока и две асистенции.

Тимот го предводеше Џеф Тиг со 25 поени и Пол Мислап, кој имаше „дабл дабл“ ефект со 16 поени и 14 скокови.

Ohridnews